mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

Над 300 пријави за штети од земјотресот во Скопје

Над 300 пријави за штети од земјотресот во Скопје

Типографија

Околу 300 јавувања за пријава на штети на објектите во серијата земјотреси во скопскиот регион се регистрирани досега во Центарот за управување со кризи.

Пријавите, како што информираат од ЦУК, во најголем дел се однесуваат на разурнати фасади, оштетени покриви, скршени прозорски окна.

Штети како последица од земјотресот вчера се пријавени и во СВР Скопје, за оштетувања на повеќе патнички моторни возила, паднати плафони, искршени прозорски стакла на ОУ „Димитар Беровски“ во населбата „Ѓорче Петров“, во Институтот за македонски јазик, во објектот на МРТ, повеќе приватни куќи во село Батинци, Драчево, Гази Баба, Бит Пазар, Центар, а пријавено е и дека е паднат оџак од зграда во населба Железара.

Во ЦУК може да се пријават штети на отворениот телефон 195 или пак на електронската адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Согласно препораките од вчерашниот состанок на Управувачкиот комитет за справување со кризи, екипи на ИЗИС и на скопските општини веќе вршат увид на првично пријавените штети.

По пријавата на штетите, тимови предводени од Институтот за земјотресно инжинерство и инжинерска зеисмологија (ИЗИИС) треба да ги посетат оштетените објекти и да направат увид во степенот на оштетување.

Управувачкиот комитет вчера ги задолжи сите општински кризни штабови во градот Скопје, како и кризниот штаб на Град Скопје, да извршат паралелно обиколка на сите определени места во нивната општина, особено за проверка на патната инфраструктура, како и на водоводната и канализациската инфратсруктура.

По вчера регистрираните 12 земјотреси во Скопје, послаб земјотрес беше почувствуван и денеска претпладне во 11 часот и 50 минути. Сизмолошката опсерваторија при ПМФ информираше дека земјотресот бил со магнитуда од 2,3 според Рихтеровата скала, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Најсилниот земјотрес вчера е регистриран во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 7 километри источно од Скопје.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје