mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

БЕГ грејната сезона ја заврши со нови 2.300 потрошувачи

БЕГ грејната сезона ја заврши со нови 2.300 потрошувачи

Типографија

Балкан енерџи груп (БЕГ) годинашната грејна сезона ќе ја заврши со нови 2.300 потрошувачи, од кои речиси половината се потрошувачи кои во минатото се исклучиле од системот, информираат од компанијата.

Оттаму посочуваат дека Бордот на директори констатирал оти големиот број нови потрошувачи во грејната сезона 2016-2017 е резултат на високиот квалитет и конфорт, проследен со конкурентна цена на централното во споредба со останатите начини на греење, можноста за бесплатно приклучување кон системот и еколошкиот придонес за градот.

  • Раководствто на БЕГ одлучи да продолжи со реализација на инвестицискиот циклус за натамошна модернизација и воведување висока технологија во целокупниот систем за централно греење, со што ќе се зголеми неговата ефикасност и атрактивност за потрошувачите и ќе се создадат услови за натамошно зголемување на искористеноста на системот кој има можност да прими и услужи двојно повеќе корисници од сегашните. На ваков начин, ќе се отвори простор за натамошно намалување на цената за крајните поединечни потрошувачи, затоа што таа во голем дел зависи и од бројот на приклучени корисници - потенцираат од БЕГ.

Натамошната реализација на инвестицискиот циклус, додаваат, означува премин на системот за централно греење од технологија на седумдесетите години од минатиот век, кон високите модерни технологии базирани на автоматизација, софтверски процеси, нови уреди и материјали. За таа цел, ќе се спроведе и програма за внатрешно преструктуирање и обука на персоналот согласно новите технолошки барања, а ќе отвори и можност за ангажман на нов високоедуциран кадар којшто би дал свој придонес кон напредокот и модернизацијата.

  • Вкупните вложувања во системот, од 2013 година кога групацијата БЕГ почна да управува со дејноста на централно греење надминаа вредност од осум милиони евра. Во делот на производството, воведена е целосна гасификација на топланите, при што елиминирана е емисија на штетни СО2 гасови за 1.000 тони во сезона. Направена е и модерницација на електро-енергетските постојки и постројките за подготовка на технолошка вода. Во тек е инсталирање на систем за целосна автоматизација на топланите - велат од компанијата.

Во наредниот период, групацијата најавува дека ќе продолжи со вложувања во изолирање на вреловодните цевки во подрумските простории и во влезовите на објектите, имплементација на системи за заштеда на електрична енергија во потстаниците на објектите, промовирање на комбинирани бојлери за топла вода и друго, со чија имплементација потрошувачите можат да оставарат дополнителни заштеди.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Скопје