Паркот Нирнберг во Ново Лисиче ќе добие автоматско наводнување

Паркот Нирнберг во Ново Лисиче ќе добие автоматско наводнување

Типографија

Паркот кај игралиштето „Нирнберг“ покрај булеварот Видое Смилевски - Бато во Ново Лисиче од претсојното лето ќе добие автоматски систем за наводнување.

Од општина Аеродром информираат дека е објавен тендер за изградба на систем за наводнување кој според проектот, ќе содржи над 200 прскалки, кои ќе се вклучуваат автоматски во одредени временски интервали и на тој начин зелените тревни површини константно ќе ги одржуваат свежи. Системот за наводнување ќе се напојува со бунарска вода.

  • Ваков автоматски систем за наводнување ќе биде изграден и во двата паркови меѓу зградите зад ТЦ „Скопјанка“, кој ќе покрива вкупно 13.000 квадратни метри зелена површина. Со изградбата на овие системи општината продолжува да ја шири автоматската мрежа за наводнување, која веќе ја има воспоставено во повеќе зелени паркови, меѓу кои Паркот со авион, Паркот на езерата, Паркот на светлината, Бановина, Паркот 13 Ноември, Паркот Јане Сандански и Паркот Тоше Проески - посочуваат од Општина Аеродром.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS