Општината Центар почна со обновата на зеленилото на улицата Питу Гули на Водно.
На површина од 600 метри квадратни се врши озеленување со зимзелени и листопадни декоративни растенија.
На овој простор, прецизираат од општината, ќе се садат околу 200 зимзелени и листопадни грмушки кои ќе ја стабилизираат косината, како и магнолија и шест листопадни чадорести дрва.
На целата локација ќе биде поставен автоматски систем за полевање и ќе бидат реконструирани тротоарите.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS