mksqen

Масовно се трујат бездомни животни во Струга

Масовно се трујат бездомни животни во Струга

Типографија

Отрови од кои страдаат бездомните кучиња и мачки, птиците, но и кучињата чии сопственици ги изнеле на прошетка се расфрлаат низ цела Струга во екот на туристичката сезона, алармира здружението Анима Мунди.

  • Улиците на Струга сведочат на масовен помор на животни, грозоморие и умоболие со кое ние граѓаните се соочуваме во 21 век. Дел од кучињата биле миленици на деца и им умирале пред очи. Не` контактираат мештаните, децата, но и туристите со згрозеност и неверување за ова што се случува, во шок и со тврдење дека сведочат на кошмар - се наведува во соопштението на Анима Мунди.

Оттаму потсетуваат дека поставувањето отрови е кривично дело за кое е предвидена затворска казна и до три години.

  • Отровите кои се поставуваат кај нас се достапни буквално со секоја аптека. На пример, инсектицидот „метомил“ од 90 проценти е отров со кој може да се затруе половина град, а нашите аптеки го издаваат без никаква регистрација на купувачот, ниту пак го прашуваат за неговата намена. Голем дел од овие отрови се забранети во ЕУ а кај нас се во широка продажба и со нив се извршуваат масовни убиства на животните - велат од Анима Мунди.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија