mksqen
20
Саб, Апр
0 Нови / 7 дена

Се санира свлечиште во општината Крива Паланка

Се санира свлечиште во општината Крива Паланка

Типографија

Локалната самоуправа на Крива Паланка ангажираше фирма за санација на големото свлечиште на патнипт правец кон селото Дурачка Река.

Работници и градежни машини интензивно работат на терен, а најавено е и решавање на проблемот со свлечиштето во селото Станци.

  • Ова е поголем проблем кој го имаме подолго време на новоизграденито пат до село Станци. Свлечиштето настана по големото невреме и поројни дождови лани, а веќе беше истечен гарантниот рок за патот . Подолго време правевме испитувања на теренот и чекавме да се стабилизира земјиштето, по што преминавме на решавање на овој проблем, санација на свлечиштето и поставување габиони - информира градоначаникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија