mksqen

Викендов се очекува снег, дожд и пониски температури

Викендов се очекува снег, дожд и пониски температури

Типографија

За викендов синоптичарите најавуваат влажен бран со дожд, снег и пад на температурите.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека за време на викендот преку подрчјето на Македонија ќе помине влажен и постуден бран кој ќе услови зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.  

Повеќе врнежи ќе има во западните и северните делови, каде локално се очекува да наврнат околу 15 литри на метар квадратен. Во сабота од север ќе се прошири повремено засилен северен ветер.

Дневните температури за викендот ќе опаднат за шест до девет степени и во недела ќе бидат во интервал од шест до 12 степени.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS