mksqen

Кочани со ЛЕД светилки штеди електрична енергија

Кочани со ЛЕД светилки штеди електрична енергија

Типографија

Анализите за потрошувачката на електрична енергија во општина Кочани по примената на моментно најдобрата достапна технологија за осветлување во светот - ЛЕД технологијата и излегувањето на слободниот пазар на електрична енергија, покажуваат висока заштеда во енергија и намалени трошоци.

Градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски, вели дека со модерницазијата на системот за улично осветлување, потрошувачката на електрична енергија во последниот квартал ноемри-декември 2016 и јануари 2017 година е намалена за 60 отсто.

  • Модернизацијата на системот за улично советлување се изврши со договорите со Фабриката за светилки „Мишел Шредер“ од јуни 2015 и од август 2016 година во вкупна вредност од 61,5 милиони денари. Договорите се склучени со одложено плакање на 36 еднакви месечни рати без аванс, без камата и без специјални гаранции и не се третира како кредит - истакнува Димитровски.

Притоа, додава тој, се заменети четири илјади живини со Лед светилки во градот и во сите населени места во општина Кочани, и се поставени над 300 нови светилки на темни и недоволно осветлени места, така што осветленоста е зголемена за 50 отсто. Направен е и ГИС -систем на секоја светилка во градот.

Димитровски информираше и за резулатите од примената на слободниот пазар на електрична енергија во кој општина Кочани излезе  од октомври 2016 година.

  • Со новиот оператор за електрична енергија - ЕДС ги намалуваме трошоците за струја за наведениот квартал за вкупно 76 отсто. Очекуваме заштедата во електрична енергија и собраната комунална такса за улично советлување во целост да ја покријат инвестицијата во модерното улично осветлување и веќе во 2019 година целата заштеда да биде на сметка на општина Кочани. Со тие средства системот за улично осветлување може дополнително да се унапредува со опфат на останатите населени места во општината, со проширување, воведување на телеменаџмент, „паметен град“ и слично - истакнува Димитровски.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија