mksqen
16
Вто, Апр
0 Нови / 7 дена

За првпат заловена женка балкански рис

За првпат заловена женка балкански рис

Типографија

Тимот за проучување на балканскиот рис од Македонското еколошко друштво за првпат залови женка од овој ендемски загрозен вид.

Маја е името што биолозите и го дадоа на женката, на која и поставија околувратник што ќе испраќа џи-пи-ес сигнали, и кој ќе помогне да се проучи нејзината територија по која се движи и начинот на живот. Таа била заловена на планината Стогово, во шума што била богата со нејзиниот плен, срните.

Тимот реагирал веднаш откако добил сигнал дека животното било фатено во стапицата, и за помалку од еден час го успале, го измериле, му зеле примероци за генетско испитување и му поставиле околувратник. Истражувачите велат дека ова била алката што недостасувала во проучувањето на просторната екологија на балканскиот рис. Нејзиното заловување исто така може да помогне да се открие засолниште со мали рисчиња.

Во досегашното проучување беа заловени четири мажјаци од балканскиот рис, на кои исто така им беше поставен околувратник што испраќа сателитски сигнали.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија