mksqen

Поддршка од 50 милиони евра за енергетски проекти за земјите од Западен Балкан

Поддршка од 50 милиони евра за енергетски проекти за земјите од Западен Балкан

Типографија

Педесет милиони евра за финансирање енергетски проекти ќе добијат државите од Западен Балкан од Европската унија преку Програмата за регионална енергетска ефикасност и Фондот за зелен раст.

Договорите за финансиите ги потпишаа претставници на Европската комисија и на Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка и Банкарскиот концерн Кfw, по сесиите на Министерскиот состанок на земјите од Западен Балкан, што се одржува во Скопје.

  • Предвидените финансии треба значително да му помогнат на јавниот и приватниот енергетски сектор во шесте држави и да придонесат за заштеда на енергија и намалување на емисиите на штетни гасови - оцени еврокомесарот Јоханес Хан.

Хан потенцираше дека со овие дополнителни средства земјите од Западен Балкан ќе можат да постигнат 1,6 тера-часови електрична енергија годишно.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски истакна дека ефектите од доделените 50 милиони евра можат да бидат значително поголеми.

  • Со задоволство можам да констатирам дека кај сите шест држави е направен значителен прогрес особено во агендата за поврзување меѓу државите и во делот на физичката инфраструктура во секторот енергетика, но и во правната регулатива - рече Пешевски.

Се прават, како што информира, големи чекори за формирање заеднички пазар за електрична енергија помеѓу шесте држави за што ќе биде потребно првенствено да се хармонизира правната рамка, како и олеснување на трговијата со електрична енергија помеѓу државите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија