mksqen

Во Маврово 74 сантиметри снег, во Берово минус 19 степени

Во Маврово 74 сантиметри снег, во Берово минус 19 степени

Типографија

Највисока снежна покривка од 74 сантиметри утрово во осум часот е измерена во Маврово, во Лазарополе 54, во Пожаране 52, во Ѓуриште 44, во Крушево 35, во Тетово 43, во Битола 30, во Берово 29, во Скопје - Петровец 20, во Скопје 19,  во Демир Капија 18, во Тополчани 17, во Струмиц а и  Крива Паланка 11, во Дебар 10, во Штип 7, во Прилеп 4 и во Претор 3 сантиметри.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најстудено изутринава е во Берово каде се измерени минус 19 степени, минус 12 се измерени во Крива Паланка, минус 11 во Маврово, минус 9 во Пожаране, минус 8 во Куманово, Лазарополе и Ѓуриште, минус 7 во Виница, минус 6 во Крушево и Скопје Петровец, минус 5 во Дебар и Тополчани, минус 4 во Скопје, Охрид, Тетово, Штип, Прилеп и Претор, минус 3 во Дојран, минус 2 во Гевгелија, Битола, Струмица и во Демир Капија.

До крајот на денот утре времето ќе биде стабилно кон исток со сончеви периоди, а облачноста ќе се зголемува. Претпладне понекаде во котлините ќе има услови за појава на магла.   Минималните температури ќе бидат од минус 7 до минус 1, а максималните од минус 1 до 5 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, утре од вечерните часови, а потоа и во вторник и среда, ќе има повремени врнежи претежно од снег, со слаб, а кон југозапад и кон југ и со умерен интензитет,

Во вторник преку денот на југоисток повремено врнежите ќе бидат од дожд. Од четврток малку покачените утрински температури повторно ќе опаднат, а преку денот ќе има се повеќе сончеви периоди.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS