mksqen

Правен придонес за надминување на проблемите со животната средина

Правен придонес за надминување на проблемите со животната средина

Типографија

Правото и правниот систем може да има голем придонес во решавањето на проблемите со животната средина, во комбинација со еколошкото истражувачко новинарство.

Ова беше истакнато на денешната презентација на проектот Развој на еколошкото истражувачко новинарство што Центарот за еколошка демократија Флорозон го одржа на Правниот факултет во Битола. Студентите по правни науки од факултетот заклучија дека правното третирање на предизвиците на животната средина може да даде резултат само со еден посеопфатен пристап, во кој би се решавале и проблемите со енергетиката, управувањето со отпадот, земјоделството и со другите области што ја засегаат човековата околина.

  • Сите сакаме промени, но прашањето е колку сакаме самите да се промениме. Начинот на кој што живееме денес е резултат на тоа што се случувало во изминатите неколку децении. Тоа што се случува денес, пак, ќе го определи начинот на кој што ќе се живее во идните децении. Затоа е многу важно да создаваме добри пракси, како и добра законска регулатива поврзана со животната средина - истакна Кирил Ристовски, директорот на ЦЕД Флорозон.

Студентите исто така истакнаа дека проблемот не е во законската регулатива на државата, туку многу повеќе во нејзината примена. Иако заштитата на животната средина е уставна категорија, а загадувањето е кривично дело, не може сите проблеми да се решат со казнување на прекршителите. Тоа е особено случај со загадувањето на воздухот и со управувањето со отпадот, каде што се потребни системски решенија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија