mksqen
19
Пет, Апр
0 Нови / 7 дена

МЕПСО ќе набави нова примарна високонапонска опрема

МЕПСО ќе набави нова примарна високонапонска опрема

Типографија

Македонскиот електропреносен систем оператор АД МЕПСО склучи договор за набавка на нова примарна високонапонска опрема за потребите на трансформаторски станици од преносната мрежа во вредност од 1,87 милиони евра.

Како што информираат од компанијата, тоа е прва набавка која е дел од проектот за ревитализација и за модернизација на преносната мрежа што МЕПСО го реализира во кредитен аранжман со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

  • Најповолен понудувач на меѓународниот тендер е конзорциумот на компаниите „Елнос“ од Србија и „Кончар – мерни трансформатори“ од Хрватска. По тој повод договорот за набавка во Скопје го склучија Ацо Ристески, член на Управниот одбор и директор на подружницата Оператор на преносна мрежа во МЕПСО, Жарко Рончевиќ, директор за продажба во „Елнос“ и Анте Рогозина, претседател на Управниот одбор на „Кончар – мерни трансформатори“. Вредноста на договорот е 1,87 милиони евра - соопштуваат од МЕПСО.

Со овој договор, прецизираат од компанијата, се врши набавка на прекинувачи, раставувачи, мерни трансформатори и одводници за пренапони кои ќе бидат инсталирани во 400 киловолтната и 110 киловолтната преносна мрежа на АД МЕПСО.

  • Ова е прва од низата компоненти од проектот за ревитализација и за модернизација на преносната мрежа што опфаќа реконструкција на далекуводи, набавка и имплементацијата на опремата и софтверските апликации за видео надзор над електоренергетските објекти, набавка и инсталација на системи за напојување, заштита и управување како и замена на старо земјоводно јаже со ново OPWG јаже со интегрирани оптички влакна за пренос на податоци - потенцираат од АД МЕПСО.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Македонија