mksqen

Балкански рис на ѕидот на државна зграда во Елбасан

Балкански рис на ѕидот на државна зграда во Елбасан

Типографија

Активисти за заштита на реткиот балкански рис насликале мурал од ова ендемско животно на ѕидот на една административна зграда во албанскиот град Елбасан.

Станува збор за седиштето на регионалната управа за заштитени подрачја. Насликан е еден од рисовите што бил фотографиран со фотозамка во албанскиот национален парк Шебеник-Јабланица во 2012 година, поставена од истражувачкиот тим на Здружението за заштита и зачувување на природната средина во Албанија (ППНЕА).

Ова е уште еден потег со кој активистите за заштита се обидуваат да ја подигнат јавната свест за напорите за зачувување на балканскиот рис, од кој се проценува дека во дивината останале само триесетина возрасни единки, кои живеат главно на пограничните планински венци во југозападниот дел на Балканот. Редовно се организираат и училишни активности во кои децата го цртаат балканскиот рис, и во Албанија и во Македонија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан