mksqen

Бугарија со најлоша енергетска сигурност на зградите

Бугарија со најлоша енергетска сигурност на зградите

Типографија

Словачка и Унгарија се наоѓаат во сериозен ризик, а Бугарија во огромен ризик да стане неспособна да ги загрева своите згради, покажал најновиот извештај на Институтот за перформанси на зградите во Европа.

Во извештајот е содржан новиот индикатор за ранливост на зградите, а се нудат и алтернативни решенија за да се надмине ризикот во Централна и во Југоисточна Европа, преку реновирање. Според Институтот, со сериозна и посветена програма, за 20 години сите згради што користат гас можат да ја намалат својата потрошувачка за 8,2 милијарди кубни метри годишно, или за 70 проценти.

За таквата програма би требало да се инвестираат 81 милијарда евра од сите земји во регионот, според авторите, но на тој начин би се постигнале заштеди од 1-6 милиони, со што би се вратила инвестицијата. Во пресметката дури не е ни вклучена економската корист од тоа што наместо да се излеваат пари во трети земји за увоз на енергија, тие би можеле да се вложат во домашната економија.

Оливер Раф, извршен директор на Институтот, вели дека владите може да генерираат економски раст, да ја модернизираат инфраструктурата на зградите, и да ги подобрат условите за живот. Главен фокус на извештајот не е да се најдат алтернативни извори на гас, туку да се подобри енергетската ефикасност. Се смета дека намалената побарувачка за гас значително би ја подобрила енергетската безбедност на земјите.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан