mksqen

Бугарија ќе гради пет центри за опасен отпад

Бугарија ќе гради пет центри за опасен отпад

Типографија

Центри за опасен отпад ќе бидат изградени во пет бугарски градови, и тоа во Разград, Шумен, Соединение, Левски и Созопол.

Во нив ќе се вработат хемичари, а персоналот ќе треа да помине и дополнителна обука, соопштило бугарското Министерство за животна средина и води.

  • Бидејќи ќе се работи со опасен отпад, вработените треба да имаат познавања како да ги спакуваат, етикетираат и одложат. Пунктовите ќе треба да спроведат строги правила за противпожарна заштита и заштита од хаварии, и во нив не смее да се јаде, пие или пуши - изјавила Бригите Фишер, швајцарска консултантка на проектот.

Центрите што ќе се изградат се дел од бугарско-швајцарската програма за соработка.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан