mksqen
18
Чет, Апр
0 Нови / 7 дена

По труењето, еколози се борат да ги спасат мршојадците во Бугарија

По труењето, еколози се борат да ги спасат мршојадците во Бугарија

Типографија

Членовите на бугарското здружение „Подиви Родопи“ се вклучило во потрагата по отровни мамци во областа Кресна, во која во изминатите две недели беше отруена цела колонија ретки белоглави мршојадци.

Водачот Николај Терзиев од Бугарското друштво за заштита на птиците и специјално обученото куче Барс пристигнаа во Кресна поради зачестените случаи на нелегално расфрлање отрови.

Колонијата белоглави мршојадци беше уништена по 15-годишни напори за спас на овој загрозен вид заштитен со закон.

  • Редицата инциденти во последните две недели ги уништи резлтатите од трудот на организациите за заштита на природата, кои со години работат на враќањето на овој вид во реонот - коментираат од „Подиви Родопи“.

Поради бавната реакција на одговорните институции, не е расчистен случајот со труењето на мршојадците и досега нема уапсени. Министерот за животна средина побара од министерот за внатрешни работи да се забрз истрагата.

Целта на акцијата за расчистување на отровите е за да се спасат преостанатите мршојадци, како и другит едиви и домашни животни. Кучето Барс, кое ќе трага по отровните мамки, поминало два месеци на обука во специјална академија во Унгарија. Засега тоа е единственото куче што може да бара отровни мамки во Бугарија.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан