mksqen

Ниски температури и силен ветер во Романија

Ниски температури и силен ветер во Романија

Типографија

Романските власти предупредија на студ и силен ветер во повеќето региони, бидејќи прогнозите покажуваат дека минималните температури ќе се движат меѓу минус 20 и минус 10 степени, а максималните само во неколку места можеби ќе надминат нула степени.

Поради лошото време се затворени две магистрали, 13 национални патишта и 35 регионални патни артерии. 

Пловењето по реката Дунав е ограничено, а сите пристаништа на Црното Море се затворени. 

Нема проблеми при поминување на границите, со исклучок на граничниот премин во Русе, каде е ограничено движењето за сите категории на превозни средства. 

Сите аеродроми во земјата се отворени.

BLOG COMMENTS POWERED BY DISQUS
Пријавете се преку нашата бесплатна е-мејл претплата на услуги за да добивате известувања кога ќе има нови информации.

Најпопуларни вести во категорија Балкан