mksqen

Кампања за промоција на еколошкото истражувачко новинарство

Кампања за промоција на еколошкото истражувачко новинарство

Проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“ ја започнува кампањата за промоција на еколошкото истражувачко новинарство со организација на промотивен настан во Битола, на 23.11.2016 година со почеток во 11.30 часот на плоштадот “Магнолија“.

Во рамките на првиот промотивен настан, ќе бидат спроведени повеќе активности кои ќе имаат за цел да анимираат и информираат поширока група на граѓани во Пелагонискиот плански регион. Имено, покрај дисеминацијата на летоците на јавните места во градот, во рамките на настанот ќе се одржи трибина на Универзитетот Св. Климент Охридски - Битола, на тема "Улогата на истражувачкото новинарство во владеењето на правото и креирањето на јавните политики". На трибината свои излагања ќе имаат Кирил Ристовски, проектен менаџер и Гоце Трпоквски, новинар во Нова Македонија. По завршувањето на трибината, претставницните на проектот ќе имаат гостување на локалното радио УКЛО ФМ, како и на локалната телевизија ТВ Орбис.
Кампањата се организира со цел информирање на пошироката јавност и општествените чинители за улогата и влијанието на еколошкото истражувачко новинарство во креирањето и спроведувањето на јавните политики за животната средина и да укаже на потребата од поголемо вклучување на јавноста во процесите на донесување на одлуки. Кампањата предвидува ораганизација на серија јавни настани во наредните пет месеци во следните градови: Скопје, Штип, Струмица, Тетово и Битола.